222
Мингс доби пет натпревари суспензија поради инциентот, два повеќе од Златан Ибрахимовиќ кој ќе биде отсутен на следните три меча.
Иако повеќе луѓе сметаат дека Мингс ненамерно го згазна Ибрахимовиќ, такво не беше мислењето на ФА па тие ригорозно го казнија играчот на Борнмут.
Да потсетиме, на дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Борнмут, Тајрон Мингс и Златан Ибрахимовиќ влегоа во два оделни инциенти. Најпрво Мингс го згази Ибра по глава, а потоа фудбалерот на јунајтед возврати со лакт.
Судиите не ги забележаа инцидентите на теренот, па панел телото на ФА дополнително им одреди казни на двајцата фудбалери.