Милан заборави да дава голови, Фиорентина по пет години се радува на Сан Сиро (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Росонерите“
испаднаа од топ четири откако попладнево пред своите фанови загубија во дуелот
со Фиорентина. Избраниците на Гатузо креираа неколку добри шанси, но исто како
и на претходните два меча во Серија А, не успеаја да го најдат патот до мрежата на противникот
па сега речиси 300 минути се без постигнат гол.

„Виолетовите“
играа трпеливо, ја чекаа својата шанса и преку Федерико Киеза стигнаа до првата
победа на Сан Сиро по пет години.

Голот вреден три
бода падна во 73. минута, младата ѕвезда на Фиорентина сам си направи простор и
од далечина погоди прецизно покрај стативата за 0-1.

Наполи со голот
на Албиол исто така стигна до минимална победа од 1-0 над СПАЛ. Џенова на
нашиот Горан Пандев со 3-1 ја совлада Аталанта, средбите помеѓу Сасуоло-Торино
и Удинезе-Фросиноне завршија со идентични 1-1, а највозбудливо беше на
пресметката помеѓу Емполи и Сампдорија, каде гостите славеа со 2-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани