Милан во лоша форма влезе во денешниот меч против Болоња но успеа да дојде до посакуваниот триумф.
Резултатот го отвори Сусо со убав гол во 37. минута од натпреварот.
Во 67. минута Борини дојде до еден отпадок и ја смести топката во мрежата на Болоња за водство на Милан од 2-0.
Пет минути подоцна лоша проценка на одбраната на Милан, Дестро се најде осамен во шеснаесетникот и постигна гол за 2-1, Болоња се врати во игра.
Во следната минута Пакета направи глупост, еден старт врз него го извади од такт и бурно реагираше кон играчите на Болоња, судијата му покажа жолт картон, тоа дополнително го изнервира па го удри судијата по рака и заработи втор жолт картон и автоматски црвен. Милан остана со играч помалку но успеа да го сочува водството и да дојде до победа.