Милан сака да го продаде Донарума иако голманот не бара да си оди

by
1 минути читање

Донарума има уште две години од актуелниот договор со Милан и не се очекува да потпише нов. Според новинарот Џанлука Ди Марцио „росонерите“ сакаат ова лето да го продадат голманот бидејќи сега можат да добијат најдобра сума за него.

Дополнително на Милан му се потребни пари од продажба на фудбалери со цел да направи баланс за финансискиот фер плеј.

Милан е веќе во преговори со ПСЖ за продажба на Донарума и својот голман го проценува на 50 милиони евра.

Првата понуда на ПСЖ е 20 милиони евра плус нивниот голман Ареола, но Милан ја одби оваа понуда сметајќи дека чуварот на мрежа на ПСЖ не вреди 30 милиони евра. Тие го сакаат Ареола но и поголема сума на пари.

Донарума не побарал да биде продаден, но би прифатил трансфер во клуб кој може да се бори за титули на највисоко ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани