Милан продаде фудбалер, Реал Мадрид убаво заработи

by bojan
1 минути читање

Борнмут во целост го купи Алекс Хименез од Милан, се верува дека трансферот е вреден околу 25 милиони евра, а од оваа сума, половина ќе заврши во касата на Реал Мадрид.

Минатото лето, Алекс Хименез се пресели во Борнмут на позајмица со опција и обврска да биде купен во целост.

Обврската беше поврзана со бројот на настапи, па популарните „цреши“ денеска во целост го купија офанзивниот бек.

Се говори дека трансферот е вреден околу 20 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Во исто време, ова е одлична зделка и за Реал Мадрид, во касата на „кралевите“ ќе легнат најмалку 10 милиони евра, плус потенцијални 2,5 милиони.

Кога Реал Мадрид го продаде Алекс Хименз на Милан летото во 2024 (за 5 милиони евра), вметнаа и клаузула според која им следи 50% од следниот трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×