Неофицијалните
информации кои пристигнуваат од Италија велат дека Милан ќе го врати Гонзало
Игуаин назад во Јувентус идното лето, а сето тоа би се случило поради
финансиски причини.
Кориере дело
Спорт пишува дека ‘коефициентите
се големи’ во однос на
опцијата Игуаин да го напушти Милан на крајот од сезоната.
Росонерите му
исплатија на Јувентус 18 милиони евра за да го доведат аргентинскиот напаѓач на
позајмица, а имаат и опција од 36 милиони евра доколку сакаат целосно да го
откупат неговиот договор, нешто што е извесно дека нема да се случи.
Сепак, со тоа што
даде дознаење кај Џенаро Гатузо за своето значење во тимот во периодот кој го
помина во дресот на Милан досега, Кориере дело Спорт пишува дека новиот извршен
директор на Росонерите, Иван Газидис првично ќе се обиде да преговара за
пониско обештетување за Игуаин со Јувентус.
Игуаин досега
постигна 7 погодоци на 13 натпревари со Милан, но, доби и црвен картон во
дербито со Јувентус, а на истиот меч не успеа да погоди од белата точка, тој по
мечот се извинуваше до навивачите на Милан поради непристојното однесување на
теренот.