Манчестер
јунајтед се чини дека доби мотив повеќе за да тргне со сите сили по Леонардо
Бонучи, откако, според неофицијалните информации кои во јавноста ги пласираа
дел од италијанските медиуми, Милан планира да ги продаде Бонучи и Сусо, за да
го купи Алваро Мората од Челси.
Веќе од поодамна
е познато дека Бонучи е желба на Манчестер јунајтед, а Сусо е понуден на Челси
и Ливерпул, за вториот, заинтересирани се уште и Рома и Тотенхем.
„Sport
Mediaset“ известува дека тимот од Милано нема да му
прави проблеми на Бонучи да го напушти Сан Сиро во овој летен преоден рок, а
секако, целта е една, да се искористат парите од евентуалните продажби на Сусо
и Бонучи за напаѓачот на Челси кој претходно имаше одлични изданија во Серија А,
поточно, во дресот на Јувентус.