81
ПСЖ стартуваше со понуда од 20 милиони евра плус Алфонс Ареола, но добиле „корпа“ од Милан.
„Спорт Медиасет“ пишува дека Милан се согласува да го добие Ареола но бара повисока сума од 20 милиони евра.
Милан сака понудата на ПСЖ да биде во вредност од 50 милиони евра, но не мислат дека Ареола вреди 30 милиони.
Се очекува ПСЖ да се врати со нешто повисока понуда. Милан од една страна сака да го задржи Донарума, но од друга страна негова продажба ќе им помогне за финансискиот фер плеј.