Милан изедначи негативен рекорд стар повеќе од 70 години но барем ја совлада Сампдорија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во возбудлив меч
со пет погодока и два пресврти, Милан се радуваше на три бода против Сампдорија.

По двата порази
од Интер и Бетис, „Росонерите“ добро го започнаа мечот и поведоа со голот на
Кутроне во 17. минута. Но веќе во 21. минута, поранешниот младинец на Милан,
Сапонара погоди по земја и изедначи на 1-1. Овој гол значеше изедначување на
негативен рекорд стар повеќе од 70 години. За прв пат по 1946, „Росонерите“ на 15
меча не знаат да ја сочуваат сопствената мрежа.

Во 31. минута
следуваше нов шок, Кваљарела ја затресе мрежаа на Донарума за водсво на
Сампдорија од 1-2.

Домаќините сепак
брзо се вратија и пет минути подоцна Игуаин реализираше за 2-2. Во 62. минута
публиката на Сан Сиро виде нов пресврт, овој пат Милан се врати од негатива и
со голот на Сусо погоди за 3-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани