Милан испратил
понуда до Лацио за ангажман на Сергеј Милинкови-Савиќ, таа гласела позајмица со
опција од 90 милиони евра за целосно откупување на неговиот договор во август,
но, Лацио категорично ја одбил истата, тврди Кориере дела Сера.
Постоеа многу
шпекулации околу Милинковиќ-Савиќ повеќе месеци, а весникот инсистира на тоа
дека сево ова се случило ноќта помеѓу 16 и 17 август.
Ако им се верува
на овие шпекулации, тоа се случило на работ на затворањето на трансфер
периодот, а новите сопственици на Милан, Елиот Менаџмент сакале да направат
уште еден голем трансфер по рамките на оној на Гонзало Игуаин, кој беше доведен
со сличен пристап од Јувентус.
Понудата на маса
која била понудена од Милан гласела 30 милиони евра за едносезонски договор,
плус 90 милиони евра опција за на крајот од сезоната целосно да се откупи
договорот на Србинот.
Како и да е,
претседателот на Лацио, Клаудио Лотито веќе го известил тренерот Симоне Инзаги
дека фудбалерот од средниот ред нема да биде продаден.
Манчестер
јунајтед и натаму останува еден од главните кандидати за потписот на Србинот, а
Премиерлигашот би можел и да ја понуди сумата која ја бараат во Лацио, а
изнесува 120 милиони евра. Јувентус исто така се интересираше за
Милинковиќ-Савиќ, но, нивниот екс директор Бепе Марота се пресели во Интер, па
можно е токму Нероаѕурите сега да се исто во трката.