Милан има план како да заработи над 70 милиони евра – ќе продаде најмалку шест фудбалери!

by Стефан
1 минути читање

Милан на лето би можел сериозно да ја наполни клупската каса и тоа исклучиво од фудбалерите кои оваа сезона настапуваат како позајмени. Според проценките во клубот, се очекува приход од над 70 милиони евра само од нивната продажба.

Прв на листата е Алекс Хименез, кој моментно настапува како позајмен играч во Борнмут. Неговата продажба е веќе договорена за 19,5 милиони евра, а постои можност сумата да порасне за дополнителни пет милиони преку бонуси. Сепак, според договорот, половина од сумата ќе оди кај Реал Мадрид.

Втор е Алваро Мората, кој настапува за Комо. Иако има проблематична сезона, се очекува да биде активирана клаузулата за негов откуп во вредност од 15 милиони евра.

Следен е Самуел Чуквуезе, кој е на позајмица во Фулам, каде што прикажува одлични настапи. Во Фулам се подготвени да ја активираат откупната клаузула од 24 милиони евра, што значи сигурен приход за „росонерите“.

Лоренцо Коломбо настапува за Џенова, а неговата откупна клаузула ќе стапи на сила доколку клубот избори опстанок во лигата. Останатите услови веќе се исполнети најмалку пет голови (постигна шест) и 22 настапи (24).

Исто така Милан и Болоња веќе постигнале договор за трансферот на Томазо Побега, чија цена ќе изнесува околу седум милиони евра, додека договорена е и продажбата на Филипо Терачијано, кој ќе се пресели во Кремонезе за 3,5 милиони евра.

Доколку сите овие трансфери се реализираат, а шансите за тоа се големи, Милан ќе инкасира над од 70 милиони евра. Дополнително, постојат и опции за откуп на Исмаел Бенасер, Јунус Муса и Варен Бондо, но засега е помалку веројатно дека тие клаузули ќе бидат активирани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×