Откако се здоби
со суспензија за настап во европските натпреварувања поради финансискиот фер
плеј, онака како што и посакуваше, Милансега ќе се фокусира да креира екипа
која ќе се бори за влез во Лигата на шампионите идната сезона.
Звонимир Бобан ја
напушти ФИФА за да се врати во својот Милан, каде ги имаше своите најубави
денови од кариерата, па доби висока позиција во клубот каде работи како главен
оперативен директор, а токму тој е „џокерот во раковот“ кој го имаат Росонерите
за една голема ѕвезда во амбициозниот проект.
„Газета дело
Спорт“ пишува дека во Лука Модриќ во тимот од Милано гледаат светска ѕвезда
која ќе го предводи амбициозниот проект, а со оглед на својот квалитет и
искуство кое го поседува Модриќ, неговиот сонародник а воедно и идол Звонимир
Бобан, гледа идеален фудбалер во неговите а воедно и идеите на самиот клуб за
да се влезе во битка за горните позиции од Серија А, пишува весникот.
Не така одамна,
Модриќ со својот емотивен говор откако ја доби наградата „Д Бест“ донесе солзи
на очите на Бобан.
„Би сакал тука да
го споменам мојот идол, капитенот на Хрватска од Светското првенство во 98.
година, мојата голема инспирација, Бобан, тој тим не инспирира, се надеваме
дека ќе служиме како инспирација за идните генерации“ рече тогаш Модриќ кој со
Коцкестите стигна до финалето од Светското првенство во Русија.
Како и да е, „Газета
дело Спорт“ тврди дека 33 годишниот Модриќ бил поласкан од интересот, меѓутоа барем засега
нема планови да го напушти Реал Мадрид.