„Ми нудеа многу пари“ – Еден Азар откри зошто го одбил ПСЖ

by bojan
1 минути читање

Еден Азар вели дека практично секое лето бил во контакт со ПСЖ, му биле нудени многу пари за преселба во Париз, но тој на ум има само една работа – трансфер во Реал Мадрид.

Еден Азар откри дека одбил трансфер во ПСЖ и покрај тоа што многу пари биле во игра.

Тој ова го направил од две причини, не сакал да настапува во друг клуб во Франција освен во Лил, и на ум имал само трансфер во Реал Мадрид.

„Секоја година бев во контакт со ПСЖ“ – вели Еден Азар.

„Но за мене секогаш беше јасно, кога го напуштив Лил си реков, „Ако еден ден се вратам во Франција, тоа ќе биде само во Лил“. Па не сакав да играм за друг клуб во Франција“.

„Имам почит за луѓето од Лил, за луѓето од северот па затоа ПСЖ никогаш не беше опција за мене, па дури и кога ми понудија многу пари“.

„Мојот сон беше настап во Реал Мадрид, и Челси ќе го заменев само за Реал Мадрид, не за ПСЖ“.

ФОТО: X/Chelsea FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×