Фудбалерот во
својата кариера прескокна неколку натпревари во Азербејџан поради конфликтот на
оваа земја со неговата Ерменија. Но со оглед на тоа што Хенрих Мхитарјан сега
треба да игра финале и да се бори за трофеј, од УЕФА најавија дека ќе направат
се за играчот да се појави во Баку.
И покрај тоа што
имаше најави дека ќе биде гарантирана безбедноста на фудбалерот, Арсенал
попладнево соопшти дека Ерменецот нема да биде дел од спектаклот и пресметката со
Челси.
По ваквите вести,
на социјалните мрежи се огласи самиот Хенрих Мхитарјан, кој призна дека боли
одлуката да не патува со тимот.
„Не ви се
укажуваат многу прилики да играте на вакви натпревари и морам да признам, боли
тоа што ќе го пропуштам финалето. Ќе ги бодрам моите соиграчи, ајде да го
донесеме трофејот дома!“ – напиша популарниот Мики на Твитер и постираше слика со пехарот
во Лига Европа до кој стигна со Манчестер јунајтед во сезоната 2016/17.
[…] It‘s the kind of game that doesn’t come along very often for us players and I must admit, it hurts me a lot to miss it.I will be cheering my teammates on! Let’s bring it home @Arsenal #uel #final #arsenal #chelsea #AFC #COYG pic.twitter.com/gnDA6oyolw
— Henrikh Mkhitaryan (@HenrikhMkh) May 21, 2019