Меси со коментар за ривалството со Роналдо, притоа го испофали Португалецот

by
1 минути читање

Најнапред тој
посочи дека желба му е да се пензионира во тимот на Барселона, потоа додаде
дека неговиот тим дал се од себе за да биде подобар во битката за освојување на
Лигата на шампионите, односно првенството на Шпанија, што не се случило.

Повеќето светски
медиуми го извлекоа неговиот став во однос на ривалството со Кристиано Роналдо
од Реал Мадрид, на што тој одговори
:

Секогаш го велам
истото, и сега ќе го повторам, мислам дека тоа е нешто што новинарите го
креираа. Ние и двајцата сакаме да го дадеме најдоброто од себе секоја година и
максимално да се посветиме на нашите клубови, да допринесеме за успеси. Во
однос на тоа што се говори вон тоа што го кажав, не би сакал да придавам
значење…
“ истакна Меси.

Роналдо е
одличен фудбалер кој има големи квалитети како фудбалер кои сите ги познаваме,
тој е еден од најдобрите во светот
“ додаде Аргентинецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани