Мертенс во 90. минута го спаси Наполи од пораз против Рома (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома беше на чекор до голем триумф, волчицата поведе со гол на Ел Шарави во 14. минута кој се најде сам пред голот на Наполи и не му беше тешко да ја смести топката во мрежата за предност од 1-0.

Наполи тргна поофанзивно кон израмнување, на Дрес Мертенс два пати му беа поништувани голови поради офсајд, но премногу ќе беше тоа да се случеше и по трет пат. Белгискиот фудбалер беше упорен, даде гол во 90. минута за конечни 1-1.

По 10 одиграни меча Наполи е втор со 22 бода, Рома е осма со 15.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани