Мертенс имал тајни преговори со Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

29-годишниот Мертенс оваа сезона игра во фантастична форма и е најдобриот фудбалер на Наполи. Неговиот актуелен договор со клубот истекува 2018 година.

Белгискиот фудбалер се уште не ја продолжил соработката со Наполи, тој ги разгледува и другите опции. Италијанскиот клуб знае дека ќе мора да го продаде ова лето доколку тој одлучи да не стави потпис на нов договор.

Италијанскиот весник „Ил Матино“ открива дека Манчестер јунајтед и Мертенс имале тајни разговори кои се случиле во хотел во Неапол и траеле два часа.

Наводно Мертенс е на списокот на желби на Жозе Мурињо за ангажман во летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани