Јувентус
изминатиов период се поврзува со мега засилувања, поточно три, и сите тие
клиенти на агентот Жорге Мендеш, истите се Рубен Невеш, Давид де Хеа, како и
Хамес Родригез.
Калчомеркато
пишува дека Јувентус не разговарал само за Невеш во средбата која ја имале
челниците на тој клуб со агентот Мендеш во средата, туку тој им ги понудил и Де
Хеа и Хамес.
Претходно
наведениот медиум објаснува дека договор со Вулверхемптон за Невеш е возможен,
откако Бјанконерите се соочија со проблеми во средниот ред, кои би можеле да се
решат со ангажман на Португалецот.
Како и да е, тој
би можел да биде следен од страна на Де Хеа идното лето, ако се земе во предвид
дека договорот на шпанскиот голман со Манчестер јунајтед истекува токму тој
период.
Истовремено се
шпекулира дека Баерн Минхен нема намера да ја активира опцијата за да го откупи
договорот на Хамес со Реал Мадрид, а со тоа германскиот првак ќе остави простор
за Старата дама.
Јувентус веќе има
двајца фудбалери во својот состав кои се клиенти на Мендеш, тоа се Кристијано
Роналдо и Жоао Кансело.