Мегваер: Не ни помислуваме да играме во Лига Европа

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед на домашен терен славеше со убедливи 5-0 над Лајпциг, меѓутоа
утревечер гостуваат кај германскиот прволигаш во обидот за прогрес во нокаут
фазата од Лигата на шампионите, откако во групата „Х“ се на делба на првото
место заедно со ПСЖ и Лајпциг со по девет бода, па ќе проследиме „фото-финиш“
во оваа конкуренција.

Капитенот на
Премиерлигашот, Хари Мегваер тврди дека избраниците на Оле Гунар Солшер не ни
помислуваат да играат во Лига Европа.

Ние очекуваме да
поминеме успешно во групната фаза, без разлика кој е во нашата група, ова е
традиција, а ние како екипа со ваков состав во целост очекуваме успех на ова
поле, едвај го чекаме овој натпревар, се
што треба да сториме е да одиграме најдобро што
знаеме и умееме
“ рече Мегваер.

Не ни
помислуваме за Лига Европа, предизвик е да се игра во едно вакво големо
натпреварување, тоа е факт, но истовремено и голема задача пред вас, секако
дека сме среќни што сме дел од еден ваков предизвик
“ додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×