Легендата на
Франција вчера рано наутро заврши во притвор како дел од истрагата за
сомнителните околности под кои Катар ја доби организацијата на Светското
првенство во 2022.
По 15 часа
испрашување од страна на инспекторите за борба против корупција, Мишел Платини
беше пуштен на слобода без да биде покренато обвинение.
„Распитот беше
прилично долг, но со оглед на тоа колку многу прашање имаа, очигледно беше дека
ќе трае со часови. Имаа прашања за ЕВРО 2016 за Светското првенсто во Русија,
за мундијалот во Катар за ПСЖ за ФИФА“ – изјави Мишел Платини за новинарите кои
го чекаа надвор.
„Кога пристигнав,
веднаш бев притворен. Ова ме боли, за сè што имам сторено, навистина боли“.
„Но на крајот од
денот, луѓето едноставно си ја вршеа работата и јас се обидов да одговорам на
сите прашања. Ова е стара афера, сите ја знаат, веќе ја објаснив, бев прилично
транспарентен во сите интервјуа кои ги дадов за весниците“.
Во центарот на
истрагата е средба во Елисејската палата на 23. ноември 2010 година, на која
покрај Мишел Платини присуствувал и тогашниот претседател на Франција, Никола
Саркози и сегашниот емир на Катар, Тамим Бен Хамад Ал Тани.
Девет дена
подоцна, Мишел Платини гласа за Катар да ја добие организацијата на СП 2022.
Неколку месеци подоцна, Катар го купува ПСЖ а една година подоцна се отвара и
спортската мрежа БеИН Спортс во Франција.