Мбапе не сака да го обнови договорот со ПСЖ, Реал Мадрид се надева на трансфер но во 2020

by
2 минути читање

Французинот под
знак прашалник ја стави својата иднина во Париз кога во мај побара поголема
одговорност и порача дека ќе си ја побара среќата во друг клуб доколку ПСЖ не
му ја исполни желбата.

Но потоа се
огласи првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи кој истакна дека нема шанси да
се случи трансфер и рече дека е 200% сигурен дека Килијан Мбапе останува на „Паркот на
принцовите“.

Според пишувањата
на Марка, ПСЖ би можел да го промени ставот со оглед на тоа дека Килијан Мбапе
одбива да стави потпис на нов договор. Весникот го смести напаѓачот на
насловната страна и пренесе дека тој ја отворил вратата за заминување
откако ги одбил обидите на „светците“ за продолжување на соработката.

Со оглед на тоа
дека неговиот договор е со трајност до 2022, ПСЖ сега не е под притисок да се
раздели со Килијан Мбапе, но летото во 2020 ситуацијата ќе биде поинаква.

Марка вели дека
Реал Мадрид внимателно ги следи случувањата и е подготвен да тргне во офанзива
доколку добие сигнали дека може да го купи Французинот. Евентуален трансфер сигурно ќе биде рекорден и ќе бидат потребни најмалку 250 милиони евра за Килијан Мбапе да го напушти Париз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани