Мбапе е МВП, а познат е и тимот на колото во ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

УЕФА го објави најдобриот тим за второто коло од Лигата на шампионите.

На голот блеска Угурчан Чакир од Галатасарај, човекот кој со своите интервенции буквално ја заклучи мрежата.

Одбраната е вистинска мешавина од класа и борбеност: Нуно Мендеш од ПСЖ, Федерико Гати од Јувентус, Ерик Даер во дресот на Монако и Дензел Дамфрис од Интер.

Во средниот ред УЕФА собра четворица кои го одбележаа ова коло. Јенс Хауге со Бодо Глимт покажа дека ниту „малите“ не се за потценување, Марсел Сабицер ја контролираше средината во дресот на Борусија Дортмунд, Мартин Одегард повторно беше диригент во играта на Арсенал, а Николас Пепе со Виљареал потсети на своите најдобри денови.

Во нападот имаше место за две имиња и тоа Килиан Мбапе во дресот на Реал Мадрид постигна хет-трик, а Расмус Хојлунд со Наполи ја заврши работата со голгетерски инстинкт. За МВП на колото е одбран Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×