Килијан Мбапе
стана еден од најскапите фудбалери на сите времиња по трансферот од Монако во
ПСЖ, а клубот каде моментално настапува е еден од најбогатите во светот, а
младиот напаѓач вели дека таква е ситуацијата во моментов, тој не може ништо да
промени.
„Тоа е навистина
непристојно за мене, точно е дека сумите во денешниот фудбал се непристојни,
но, таков е фудбалскиот пазар во моментов, светот на фудбалот денес функционира
на тој начин, не можам ништо да променам во однос на таа тема, нема да го
револуционирам фудбалот, јас сум во тој систем, треба да знаете како да го
почитувате и да останете на вистинското место“ рече Мбапе.
Французинот за
момент ги освои симпатиите ширум светот откако бонусите добиени од Светското
првенство во Русија изминатото лето, кое го освои со својата селекција, ги
донираше за хуманитарна организација која организира спортски активности на
деца со попреченост, а се работи за 29 илјади долари од натпревар, како и 350
илјади долари бонус за титулата од Мундијалот, или сумирано близу 500 илјади
долари.