Србинот
предизвика големо внимание откако беше единствениот играч на „Ѓаволите“ без
„црвениот цвет“ на дресот, симбол со кој во Англија им се оддава почит на
сите загинатите британски војници.
Иако од трибините немаше никакви реакции, имаше негодувањата кај дел од англиската јавност на социјалните мрежи, па по добиените критики, Немања Матиќ реши да
ја објасни својат одлука. Фудбалерот од средниот ред вели дека популарниот „мак“
го потсетува на бомбардирањето на неговата земја кога НАТО ја нападна Србија во
1999.
„Потполно
разбирам зошто луѓето носат „мак“, целосно го почитувам правото на сите да го прават
ова и сочувствувам со секој кој загубил сакан во конфликтите. Сепак, за мене е
само потсетување на нападот кој јас лично го искусив како младо, преплашено 12
годишно момче кое живееше во Врело, кога мојата земја беше разурната од
бомбардирањето на Србија во 1999. Точно е дека го носев во минатото, но откако
добро размислив, сега чувствувам дека не е исправно да носам „мак“ на мојот
дрес. Не сакам да го намалам неговото значење како симбол на гордост на
Британците ниту пак да навредам некого, но сите ние сме одраз на нашето
воспитување и ова е личен избор поради причината која веќе ја наведов. Се
надевам дека сите ќе ја разберат мојата одлука сега откако објаснив и ќе можам
да се фокусирам само на тоа како да му помогнам на мојот тим во мечевите кои ни
претстојат“ – гласеше пораката на Немања Матиќ на Инстаграм.