Мата нема намера да продолжи со Манчестер јунајтед, сака да се пресели на Камп Ноу

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Манчестер јунајтед, Хуан Мата иако подолг период е убедуван да
продолжи со Премиерлигашот и идната сезона, сепак, искусниот 31 годишен Шпанец
категорично ги отфрла сите понуди од тој клуб.

Шефот на
стручниот штаб на тимот од Олд Трафорд, Оле Гунар Солскјер во Мата гледа важна
фигура во составот во неговите планови за идната сезона, како на теренот, исто
и вон теренот, но, Мата е одлучен во своите намери.

Каталонскиот весник
Спорт тврди дека Мата е во преговори со Барселона во изминатите неколку месеци,
истиот медиум додава дека веќе е постигнат договор помеѓу обете страни, наводно
Шпанецот ќе потпише двегодишен договор со Каталонците, со опција и за
дополнителни 12 месеци.

Според
информациите кои ги објави Спорт, се вели дека не толку високите барања на Мата
(неделна плата од 82,000 фунти) би го направил овој трансфер од исклучително
значење за Каталонците, кои чекаат да истече актуелната сезона за да го
потврдат засилувањето. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани