1,7K
Италијанскиот ветеран Масимо Одо стана тренер на резервниот тим на гигантот од Милано и на оваа позиција го наследи Даниеле Бонера.
Бонера беше разрешен по лошите резултати, а Одо ќе се обиде да ја подобри позицијата на тимот кој во овој момент се наоѓа на 18-тата позиција на табелата во Серија Ц.
Резервниот тим на Милан е еден од трите клубови од Серија А кои имаат тимови во Серија Ц, заедно со Јувентус и Аталанта.
Одо тренерската кариер ја гради во Италија каде што работеше уште во: Пескара, СПАЛ, Падова, Перуџа, Кротоне и Удинезе. Како фудбалер, освен Милан настапуваше за Наполи, Верона и Лацио.