Марсијал: Мурињо критиките можеше лично да ми ги пренесе, а не на таков начин

by
2 минути читање

Ентони Марсијал
тврди дека е мотивиран повеќе од било кога за да му докаже на својот поранешен
тренер во Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, моментално на Тотнем, дека греши во
однос на заедничката соработка на „Олд Трафорд“.

Марсијал играше
под кормилото на Мурињо две ипол години пред Португалецот да се здобие со отказ
на клупата на Манчестер јунајтед, а тоа беше периодот од 2016. до 2018. година.

Мурињо имаше
голема доверба во Французинот, откако офанзивецот запиша 18 настапи
во Премиерлигата во сезоната 2016/17, меѓутоа работите се променија по
доаѓањето на Ромелу Лукаку.

Марсијал често
добиваше критики од Мурињо, а ланската година Португалецот рече дека
Французинот е момче со променлив карактер, воедно додавајќи дека се надева дека
еден ден ќе го достигне нивото на кое треба да игра со оглед на неговиот
вистински потенцијал.

Во интервју за
француски „РМЦ“ Марсијал вели дека додека бил мотивиран да стори нешто повеќе
на терените, не му се допаѓале коментарите на Мурињо објавени на јавна сцена,
поточно критиките кон него.

Точно е дека
преферираф тоа да ми го кажува директно мене, немаше никаква потреба од такви
јавни настапи, по тие случувања, нормално е да посакате да му докажете дека
грешел
“ вели Марсијал.

Тој ме
изоставуваше во првите неколку натпревари, меѓутоа стартував од клупата, а кога
ќе влезев на теренот постигнував погодоци, на крајот, тој ми рече
гледаш, сега разбираш зошто те посакував
во мојот тим
“ додава
Французинот кој своевремено беше најскапиот тинејџер во историјата на фудбалот
по трансферот од Монако во Манчестер јунајтед вреден 58 милиони фунти.

Марсијал во
моментов ужива голема доверба кај својот нов тренер Оле Гунар Солшер, но
постојано се соочува со критики поради формата, иако статистиката вели нешто
сосема друго, откако сезонава на 19 настапи постигна 8 погодоци, а запиша и 3
асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани