Ентони Марсијал
ја одбил последната понуда од Манчестер јунајтед за ставање потпис на нов
договор, но, преговорите помеѓу обете страни ќе продолжат понатаму, пренесува
Скај Спортс.
Премиерлигашот од
Олд Трафорд сака да го обезбеди потписот на Французинот на подолг рок, неговиот
актуелен важечки договор со клубот истекува идното лето, а уште во јануарскиот
преоден рок ќе може да преговара со клубовите кои се заинтересирани за неговите
услуги, доколку, дотогаш не падне некаков договор.
Постоеше опција
Марсијал да си замине од Манчестер јунајтед уште во летото, неофицијалните
информации кои тогаш ги пренесуваа дел од медиумите на Островот велеа дека Жозе
Мурињо немал ништо против разделба со офанзивецот, а самиот агент на фудбалерот
потврди дека тој сака да си замине од Олд Трафорд.
Наводно челниците
на Манчестер јунајтед се одлучни да го задржат Марсијал во клубот, верувајќи
дека тој има уште многу што да покаже на терените, а доколку си замине,
неговиот потенцијал ќе биде искористен од било кој друг клуб.