Марка го опиша Лопетеги како „пропаднат облог“, Рамос: Како капитен, тој ја има поддршката во соблекувалната

by
2 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги ја загуби поддршката од весникот
Марка, кој тврди дека тој веќе „завршил“ со својата авантура на Сантијаго
Бернабеу.

Лопетеги викендов
го предводеше Реал Мадрид до нивниот петти меч без победа, а сето тоа ги натера
фановите на гигантот прстот да го вперат кон него, и да го бараат Антонио Конте
како негов наследник, но, поранешниот селектор на Шпанија инсистираше дека да
добие отказ е
последното нешто во неговата глава.

Како и да е,
Марка го опиша Лопетеги како „пропаднат облог“, додавајќи дека
Реал Мадрид треба само да постави датум за
неговиот отказ, можеби не денес, можеби тоа ќе го стори утре, идната седмица
или по големото дерби со Барселона
.

Весникот тврди
дека Лопетеги се уште е на клупата на Реал Мадрид поради потешкотиите на клубот
да обезбеди негова замена, а да е достапна.

Капитенот на Реал
Мадрид, Серхио Рамос инсистира дека неговото мислење не може да влијае на тоа
дали Лопетеги ќе остане, но, додава дека тој ја имал поддршката во
соблекувалната.

Тимот дава
максимум од себе, одлуките кои ги носи тренерот одат подалеку од нас,
фудбалерите не ги носат тие одлуки, за мене, како капитен, Лопетеги ја има
поддршката во соблекувалната и кај останатите фудбалери
“ истакна капитенот на
Кралевите.

Индивидуалните
грешки не казнија, но, нема да впериме прст кон никого, најдобриот начин за да
ги свртиме работите во своја полза е да бидеме обединети, Лопетеги е многу мотивациона
и одлучна особа, мораме да веруваме во него, тој е првиот во кого треба да
веруваме, потребно ни е да бидеме обединети
“ заклучи Рамос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани