Офанзивецот на
Ливерпул, Садио Мане потпиша нов договор со Ливерпул со кој се обврза на
верност кон Премиерлигашот до 2023. година, ова го потврди и клубот откако
неговиот претходен договор истекуваше во 2021. година.
Говорејќи за
официјалниот клупски сајт, Мане издвои дека е среќен за тоа што подолг период
ќе го мине на Енфилд, додавајќи дека ова е најдобрата одлука која ја донел во
неговата кариера.
„Многу сум среќен
поради фактот што го продолжив мојот престој на Ливерпул, ова е одличен ден за
мене и едвај чекам да дојдат новите предизвици, сакам да му помогнам на мојот
тим за да ги оствари своите цели, посебно, во освојувањето трофеи. За мене, ова
е најдобрата одлука која ја донесов во мојата кариера“ издвои Мане.
Претходно нови договори добија и останатите членови од нападот. Фирмино ја продолжи вернсота во април, а Салах во јули. Според пишувањата на „Дејли Мејл“ со новиот договор Мане ќе има неделна плата од 150,000 фунти, а тој е веќе
две сезони во тимот од Енфилд каде дојде од редовите на Саутемптон за 40
милиони евра.