Манџукиќ е играч за дерби мечеви, Марио ја реши и Рома (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Старата Дама“
продолжува да реди триумфи во Серија А и да испишува историја. Избраниците на Алегри стигнаа до 16-та
победа на 17 меча откако вечерва со 1-0 ја совладаа Рома.

Марио Манџукиќ
одново беше играчот кој го реши натпреварот. Хрватот во 35. минута од мечот го
натскока Сантон на подалечната статива и нафрлената топка на Де Шиљо ја
претвори во 1-0.

На средината од вториот дел, Јувентус постигна уште ден погодок, Кјелини ја затресе мрежата но судијата досуди прекршок за Рома откако дефанзивецот имаше контакт со гостинскиот голман. Кон финишот на
мечот погоди и Даглас Коста, но и овој гол не важеше и дискутабилно беше поништен со
ВАР поради тоа што на зачетокот од акцијата Матуиди направи прекршок над Заниоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани