Манчестер Сити и Брајтон одиграа нерешени 2-2 на „Етихад“ во средбата од 29. коло на Премиер лигата.
Домашните стигнаа до предност преку Ерлинг Халанд во 11. минута, а веќе во 21. Еступинан израмни на 1-1. Пред полувремето погоди зимското засилување Омар Мармуш за 2-1 за Сити. Сепак, трагичар беше уште еден новајлија, ама од дефанзивата Хусанов кој си даде автогол во 48. минута од средбата. До крајот Сити не успеа да дојде до трет погодок за победа.
Во ефикасен натпревар нова победа забележа Нотингем Форест кај Ипсвич Таун (2-4). Миленковиќ и двапати Еланга стрелаа во првиот дел за гостинскиот тим. Во завршницата Кажусте намали на 1-3, а набргу за Нотингем погоди Силва. Конечниот резултат го постави Хрст.
Евертон и Вест Хем одиграа реми (1-1), а Волвс триумфира на „Сент Мери“ кај Саутемптон.