Медиумите од „островото“ го поврзуваат Манчестер јунајтед со шокантен трансфер, „ѓаволите“ се заинтересирани за Арон Рамсдејл од Саутемптон.
Андре Онана често прави грешки, па голманот беше отстранет од првиот тим за натпреварот против Њукасл по двата какса против Лион во четвртфиналето во Лига Европа.
Но и неговата замена Алтај Бајиндир не се покажа ништо подобро, и тој киксираше против Њукасл и поразот од 4-1 на „Сент Џејмс Парк“.
Па Манчестер јунајтед размислува за ангажман на нов голман, а последните информации ги поврзуваат „ѓаволите“ со шокантен трансфер.
Како што пренесуваат неколку извори, клубот од Олд Трафорд сака да го купи Арон Рамсдејл од Саутемптон.
Многумина сметаат дека ова е грешен чекор, не само што Арон Рамсдејл во моментов настапува за последнопласираниот тим во Премиерлигата, голманот претходно не успеа да се снајде во Арсенал, каде не беше доволно добар за Микел Артета.