„Ѓаволите“ одбиле три понуди од Премиерлигата и две од Серија А за трансфер на Хари Мегваер, дефанзивецот можеби е еден од најкритикуваните фудбалери на Олд Трафорд, но наскоро ќе добие нов договор.
Манчестер јунајтед во 2019 инвестираше 80 милиони фунти за ангажман на Хари Мегваер и го направи најскапиот дефанзивец во светот, рекорд кој Англичанецот се уште го држи.
Но тој никогаш не ги оправда вложените средства, многу често со големи киксови му одмагаше на својот тим и важи за еден од најкритикуваните фудбалери на Олд Трафорд.
Но како што пренесува Дејли Мејл, Хари Мегваер е дел од плановите на тренерот Рубен Аморим и ова лето биле одбиени пет понуди – три од Премиерлигата и две од Серија А.
„Ѓаволите“ сакаат да го задржат Хари Мегваер и во следните месеци ќе му понудат нов договор.