Манчестер јунајтед не сака да преплати, Тотнем ја доби битката за играчот од 85 милиони!

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори пренесуваат дека Тотнем ја добил битката за потписот на Матеуш Фернандеш од Вест Хем во зделка вредна околу 85 милиони фунти.

Матеуш Фернандеш беше посочен како една од желбите на Манчестер јунајтед за засилување на средниот ред, препорака за трансферот даде и неговиот сонародник Бруно Фернандеш.

И покрај тоа што со недели се говореше дека „црвените ѓаволи“ е во пол позиција за ангажман на Португалецот, попладнево пристигна информација дека клубот од Олд Трафорд се повлекува и Тотнем ја добива битката за Матеуш Фернандеш.

Очигледно „спарси“ сакаат да се расфрлаат со пари со ова лето, па си подале рака со Вест Хем за зделка вредна околу 85 милиони фунти, што ќе преставува историски трансфер за клубот од Северен Лондон.

Манчестер јунајтед не сакал да преплати, проценил дека вкупната вредноста на трансферот, вклучувајќи ја отштетата и барањата за плата, е премногу висока, па ќе се насочи кон други цели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×