Манчестер Сити немаше милост за Харт, му ја наполни мрежата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити ги почасти Џо Харт и Барнли со пет гола. Голманот вчера доби признание и еден од помошните терени на „Граѓаните“ во иднина ќе го носи неговото име, но денеска избраниците на Пеп Гвардиола немаа многу милост за Англичанецот и ја наполнија неговата мрежа.

Агуеро донесе предност од 1-0 во 17. минута а трите бода беа осигурани на стартот од вториот дел кога Бернардо Силва и Фернандињо погодија во период од 120 секунди.

Иако беше јасно кој ќе излезе како победник, Сити продолжи да притиска ма Марез во 83. минута зголеми на 4-0 а Сане во 90. минута ги постави конечните 5-0.

Тотенхем го доби малото лондонско дерби против Вест Хем со 0-1. Херој на „Спарис“ беше Ламела кој одлично се снајде во финишот од првито дел и со глава ја затресе мрежата на „Чеканите“.

На останатите натпревари во Премиерлигата од 16 часот, Ватфорд со 0-2 славеше кај Вулверхемптон, Брајтон со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Њукалс, Кардиф со 4-2 го совлада Фулам а на мечот Борнмут-Саутемптон немаше погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани