Манчестер Сити испрати мега понуда за Мбапе, Реал Мадрид го следи чекорот

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесуваат медиумите на Островот, се вели дека екипата на
Манчестер Сити му понудила на Монако фантастични 130 милиони евра за младиот и
суперталентиран 18 годишен напаѓач Килијан Мбапе.

Но, како што е познато,
Реал Мадрид е исто така сериозен во намерата да го добие „чудото од дете“ во
своите редови, па така шпанскиот гигант наводно ја израмнил понудата со онаа на
англискиот премиерлигаш.

Мбапе во текот на
сезонава постигна 26 погодоци, дури 6 во Лигата на шампионите, предводејќи го
Монако до полуфиналето од елитното европско клупско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани