Манчестер Сити го победи Јунајтед и надвор од терените за потписот на соиграчот на Стефан Ристовски

by
1 минути читање

Реномираниот новинар Фабрицио Романо кој е дописник за „Скај Спорт“ и „Гардијан“, открива дека Манчестер Сити ќе ја добие трката за Бруно Фернандеш.

Манчестер Сити и Спортинг Лисабон се блиску до договор, а висината на обештетувањето ќе изнесува околу 55 милиони евра. Фернандеш ќе стави потпис на договор до 2024 година.

За Бруно Фернандеш интерес имаше и од Манчестер јунајтед, но во моментов тим кој освојува титули е Манчестер Сити а тоа го прави поатрактивен за играчите кои сакаат да настапуваат во Премиерлигата.

Соиграчот на Стефан Ристовски има неверојатна сезона, иако е играч од средниот ред тој веќе даде 31 гол и постави рекорд по број на голови за играч од средината на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани