Мечот на Камп Ноу заврши нерешено, па победникот на Олд Трафорд требаше да го продолжи патот во Лига Европа, тоа е Манчестер јунајтед.
Но, во 18. минута Олд Трафорд беше тивок, Левандовски постигна гол од пенал и донесе водство на Барселона од 1-0. Со тој резултат заврши и првото полувреме.
По две минути игра во вториот дел, Фред даде гол и го израмни резултатот на 1-1. Повторно мечот почна од нула.
Во 73. минута Антони реализираше за комплетен пресврт и водство на Манчестер јунајтед кое значеше и победа од 2-1.
Во полуфиналето се пласираше и Рома која со 2-0 го совлада Салцбург. Австрискиот тим на Олимпико допатува со предност од 1-0, но не ја задржа.
Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Спинацола двапати асистираше, еднаш за Белоти и еднаш за Дибала.
Унион Берлин со 3-1 го победи Ајакс, па и тие одат понатаму во Лига Европа.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.