Според пишувањата
на одредени медиуми на Островот, се вели дека челниците на Манчестер јунајтед
се сомневаат во тоа дека евентуална продажба на Пол Погба би било паметен потег
на клубот, а причина за тоа е комерцијалната вредност на Французинот.
Според MailOnline, Црвените ѓаволи веќе ги разгледале
опциите за потенцијална замена за Погба, кој се поврзува со трансфер во
Барселона, но, неговиот статус на еден од „најпродаваните“ фудбалери во светот
на маркетингот, го стави клубот под притисок од комерцијален план.
Герет Бејл е еден
од неколкуте фудбалери со слична вредност како Погба, но, извесно е дека
опцијата за ангажман на Велшанецот повеќе не е во игра на Олд Трафорд.
Сами Мокбел од
претходно наведениот медиум, известувајќи на оваа тема, наведува дека Погба е „постер
момчето“ на клубот, учествувајќи во многу реклами како на социјалните мрежи,
така и за време на најави на натпреварите, доколку клубот го загуби од
составот, би претрпел голема загуба на спортски план, но и на финансиски.