Информациите велат дека Пол Погба сака да си оди од Манчестер јунајтед и да се пресели во Реал Мадрид, евентуално да се врати во Јувентус. За разлика од таму каде што е сега, овие два клуба играат во Лигата на шампионите и се конкурентни за сите трофеи.
Но, Манчестер јунајтед има друг план. Според „Дејли Мејл“, тие на Погба му нудат нов договор со неделна плата од 500.000 фунти. Колку за споредба, сегашниот негов договор е со плата од 290.000 фунти.
Тој има уште две години од сегашниот договор со Јунајтед, а клубот има опција да му го продолжи за уште 12 месеци.
Се верува дека Реал Мадрид испратил понуда од 90 милиони фунти, за да го тестира Манчестер јунајтед. Понудата веднаш била одбиена.
Директорот на Јунајтед, Ед Вудворд не сака играчот кој е во центарот на комерцијалниот интерес на клубот да замине, па со сите сили ќе се обидат да го задржат.
Откако Мурињо си замина од клубот, Погба заигра подобро, го покажа својот потенцијал, но потоа повторно падна. Човек од стручниот штаб на Манчестер јунајтед изјавил дека речиси и да немаат ден без Погба да прави проблеми. Но интересот на клубот е да го задржи Французинот.