Манчестер јунајтед ќе мора да понуди речиси двојно од планираната сума за Ван-Бисака

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед сигурно ќе треба да ја дуплира својата планирана понуда до Кристал
Палас за дефанзивецот на таа екипа, Арон Ван-Бисака, откако се појавија мошне
големи разлики помеѓу плановите на обата клуба по тоа прашање.

Оле Гунар
Солскјер го идентификуваше 21 годишниот фудбалер како клучно засилување за ова
лето, но, надежите на Олд Трафорд за да се стигне до неговиот потпис со само 40
милиони фунти се чини дека немаат реална основа, пишува „Индипендент“.

Кристал Палас не
чувствува никаков притисок за да го продаде еден од своите најдобри поединци во
тимот кој е еден од најпосакуваните дефанзивци во Премиерлигата, а се шпекулира
дека тимот од Лондон би го продал само во случај да пристигне понуда од над 70
милиони фунти.

„Индипендент“
додава дека интересот за Ван-Бисака е голем на трансфер пазарот, а одредени
клубови веќе одбиле да преговараат за посакуваната сума од страна на Кристал
Палас, но, истиот медиум додава дека од Олд Трафорд нема да се откажат и ќе
продолжат по трката за потписот на дефанзивецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани