Седнувањето на
клупата на Реал Мадрид наводно пропаднала како опција за Антонио Конте, а како
причина за таквиот исход се наведува желбата на Италијанецот да го сочека
исходот од развојот на настаните во Манчестер јунајтед.
Неофицијално,
Конте има нескриена желба да го наследи Жозе Мурињо на Олд Трафорд, а, иако
беше опција за клупата на Реал Мадрид, Италијанецот се повлекол од преговорите,
една од причините е тоа што фудбалерите на шпанскиот гигант не го посакувале.
Според пишувањата
на Газета дело Спорт, се’ се врти околу Мурињо, претседателот на
Реал Мадрид, Флорентино Перез сака да го
врати „Специјалниот“ на клупата на Кралевите, а Конте бил запознаен со таа намера,
и сега чека што ќе се случи со Португалецот на Олд Трафорд.
Тешко дека Мурињо
ќе добие отказ до крајот на оваа сезона, во еден таков развој на настаните,
Премиерлигашот ќе мора да му исплати околу 30 милиони фунти како обештетување.
Се шпекулира дека
Мурињо има клаузула во договорот со Манчестер јунајтед, во случај да не
обезбеди место во Лигата на шампионите, клубот да нема никакви пречки доколку
посакува да му врачи отказ.