Интересна е
приказната за тоа како Малком пристигна во Барселона и расплетот на тие
околности откако Рома веќе постигна договор со Бордо, но, за Бразилецот
пристигна повик кој не се одбива, а тој повик беше од Барселона, па работите се
променија (повеќе – ТУКА).
21 годишниот
офанзивец веројатно има големи импресии што за свој соиграч покрај себе го има
Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во светот, за кого издвои дека не е
од овој свет.
„Според мене, тој
не е од овој свет“ вели Бразилецот во изјавата за официјалниот клупски сајт на
Барселона.
„Неговата
едноставност како личност и човечност во себе се неверојатни, тој ги заслужува
сите пофалби на негова адреса“ додаде Малком притоа издвојувајќи дека
адаптацијата за него во редовите на Каталонците тече добро.
„Адаптацијата е
добра, се адаптирам полека но сигурно, го учам шпанскиот јазик, имам три часа
неделно, но, истовремено тој јазик го изучувам и од моите соиграчи, кога ќе го
научам 100% шпанскиот јазик, ќе почнам и со часеви за каталонски исто така“ заклучи
Бразилецот.