Мала утеха, Ливерпул ќе заработи повеќе од Манчестер Сити, еве кој клуб колкав дел од колачот ќе добие (ФОТО)

by
2 минути читање

Премиерлигата во
следниот период ќе ги открие официјалните бројки за распределбата од наградниот
фонд, но со оглед на тоа дека формулата е однпаред позната, медиумите веќе
почнаа да прават калкулации.

Се очекува
Ливерпул да заработи повеќе од шампионот Манчестер Сити и „црвените“ да
инкасираат околу 150 милиони фунти. Причина за ова е бројот на натпревари кои
се емитувале на ТВ, Ливерпул има 29 наспроти 26 на Манчестер Сити.

Сите клубови
добиваат еднаков дел од 79,4 милиони фунти, потоа добиваат 1,9 милиони фунти за
секоја позиција над последното место, добиваат 12,3 милиони фунти за 10
натпревари пренесувани на ТВ (оваа е сумата дури и да има помалку натпревари) и
плус 1,1 милион фунти за секој натпревар над оваа бројката .

Па кога ќе се соберат
сите суми, Ливерпул се очекува да „лапне“ околу 149.5 милиони фунти, а Манчестер
Сити околу 148,1 милион фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани