55
„Црвено-жолтите“
се помеѓу репрезентациите кои ја одбележаа октомвриската ранг листа на
светската куќа на фудбалот.
Македонија со ремито
против Италија и триумфот на Лихтенштајн напредуваше 18 позиции. Ваков скок има
и Австрија, а подобар прогрес бележат само Летонија (19 места) и Туркменистан
(22 места).
Со 410 бодови,
Македонија сега е на 85. место на ФИФА ранг листата.
На врвот нема
промена, Германија е прва пред Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија и
Полска, а во топ 10 се најдоа и Франција, Шпанија, Чиле и Перу.