Мајсторија на Ланцини, Вест Хем со победа ја започна новата година (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вест Хем ја започна новата година со победа, избраниците на Мојс вечерва триумфираа со 2-3 на гостувањето кај Кристал Палас.

Антонио го отвори резултатот во 22. минута, за Ланцини мајсторски да погоди за 0-2 во 25. минута од мечот. Аргентинецот одлично се ослободи од еден противник и потоа си ја крена топката за со волеј да бие неодбранливо под пречката. 

Истиот играч, длабоко во судиското надополнување на првиот дел, од пенал зголеми на 0-3.

И кога се чинеше дека мечот оди во досадна завршница, Едуард намали на 1-3 во 83. минута за Олис директно од прекин да погоди за 2-3 во 90. минута и да донесе возбудливи неколку минути. Кристал Палас на крајот немаше сили за чудо, па „чеканите“ ги однесоа трите бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×