Мајката на легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, неочекувано стана вистинска ѕвезда на вечерта во Лигата на шампионите и тоа за време на телевизиска емисија во живо. Легендата на Ливерпул во студиото на „ЦБС“ ги анализираше натпреварите од Лигата на шампионите заедно со Мика Ричардс и Тиери Анри, како и водителката Кејт Скот. При разговорот за убедливата победа на Ливерпул на гостувањето кај Марсеј со 3:0, Карагер откри дека добил порака од својата мајка Паола и го прочита нејзиниот текст.
„Боже, каква победа. Бев во театар со Анџела и штотуку го видов резултатот. Одлично“, гласеше пораката која предизвика смеа и симпатии во студиото.
По ова, Мика Ричардс инсистираше Карагер да ја повика мајка си и да ја вклучи во програмата во живо. Џејми првично одбиваше, но набргу следуваше неочекуван пресврт, бидејќи Паола Карагер самата го побара својот син по излегувањето од театарот.
Следеше краток, но исклучително симпатичен разговор кој ги воодушеви љубителите на фудбалот. Ричардс и мајката на Карагер разговараа и се шегуваа, а потоа Џејми и објасни кои сè се наоѓаат со него во студиото. Овој момент брзо стана вирален и покажа една поинаква, човечка страна на фудбалските анализи, при што мајката на Карагер сосема неочекувано го украде шоуто во Лигата на шампионите.
“Tiary Henry”😂😂😂
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) January 21, 2026
Jamie Carragher’s mum speaking to Thierry Henry & Micah Richards live on CBS😂😂😂 pic.twitter.com/Wn4dKXskdq