Лукаку удри и по навивачите на Манчестер јунајтед: Ние тројцата им бевме дежурни виновници за се

by
1 минути читање

Белгиецот ова
лето стави крај на авантурата на Олд Трафорд и се пресели во Интер во зделка
вредна околу 80 милиони евра. Во интервју за Лајтхартед Подкаст, Ромелу Лукаку
си ја отвори душата и упати серија критики до Манчестер јунајтед.

Напаѓачот не само
што имаше замерки за раководството на клубот, удри и по навивачите и обвини
дека тој, Пол Погба и Алексис Санчез постојано биле на мета и дежурни виновници
за се.

„Мора да најдат
некого да обвинат. Или ќе беше Погба, или јас или Алексис Санчез. Ние тројцата
им бевме дежурни виновници. Да, можеби не играв на потребното ниво, но не бев
само јас. Многу други играа лошо, но фановите си бараа жртвени јагниња“
– вели Ромелу
Лукаку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани