Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку кој го засили турскиот гигант Фенербахче откри дека 2025 година била најтешката година во неговиот живот, а воедно ги демантираше тврдењата на Наполи дека не бил подготвен за настапи.
Откако Лукаку се опоравил од повредата, следувале нови проблеми, а потоа и несогласувања со клубот. Белгиецот инсистирал да се врати во татковината на лекување, наместо да продолжи со работата со стручниот штаб на Наполи.
Како дополнителен удар, неговиот татко почина во септември 2025 година и семејството на Лукаку се соочило со голем притисок околу навременото враќање на телото за погребот.
„Тоа беше најлошата година во мојот живот. Решив да го напуштам Наполи затоа што слушнав некои работи и сфатив дека одлуките веќе се донесени.. Тоа е тоа. Кога е така, подобро е да си заминете. Тврдењето дека не сум бил подготвен едноставно не беше точно. Веројатно во Италија го зборуваа тоа за да ме бојкотираат, но јас бев 100 отсто подготвен за натпреварите“, изјави Лукаку.
Ќе потсетиме, Лукаку сезоната во Наполи летово беше дел и од репрезентацијата на Белгија на Светсктото првенство.